Кардиологот Стивен Гандриј од Небраска, автор на книгата „Парадокс на растенијата“, вели дека постои само еден вид на леб којшто навистина може да го јадете без да имате грижа на совет.
Д-р Гандриј го нарекол „скоро леб“, а истиот не содржи соја, квасец ниту глутен, а всушност изгледа како леб.
- Путин му подготвува изненадување на Зеленски: Следна цел нема да биде Запорожје, туку овој град! „Тоа ќе ја наруши целата логистика на украинската армија“
- Кумановец платил 200.000 денари за биткоин и не добил ништо
- Поради ноќна трка, утре од 16 часот посебен режим, ќе бидат затворени повеќе улици во центарот на Скопје
- Македонецот Стефан Ефремов меѓу 12 финалисти на IDJ Show – да го поддржиме младиот музички талент
- ,,Го посакувам тоа…” Бил Клинтон проговори за неговото познанство со осудениот педофил Епштајн и посетите на неговиот остров: Во своите нови мемоари опиша сè детално! (фото)
- Хороскопски знаци кои никогаш не ги изневеруваат партнерите
- Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани
- САД најавуваат воена помош од 425 милиони долари за Украина
- Блокада на булеварот Борис Трајковски од жителите на Кисела Вода
Од што всушност се состои?
Од белки, бадемово брашно, кокосово масло, кокосово брашно, брашно од сладок компир, брашно од лешник, путер од бадеми и уште неколку ситници. Едно парче по овој рецепт има 90 калории.
Секако, д-р Гандриј започнал и производство, па не сака да го открие цел рецепт. Но, поради тоа што и сам рекол дека инспирацијата за леб е по потекло од палео-исхраната која изобилува со рецепти за леб од слични состојки и вие може да направите некоја своја верзија од овој здрав леб.
Ние избравме една од моментално најпопуларните на интернет, а вие може да истражувате варијации на оваа тема.
Рецепт:
- 2 шолји бадемово брашно;
- 1/3 чаша + една лажица мелено ленено семе;
- 1 лажица зрна, ленено семе;
- ½ лажица сол;
- 1 лажица сода бикарбона;
- ½ шолја густин;
- 6 лажици путер;
- 4 јајца;
- 1 лажица јаболков оцет;
- ½ чаша грчки јогурт.
Подготовка:
Во поголем сад измешајте ги сите состојки. Во тава стопете го путерот и оставете да се излади 5 минути. Помешајте го стопениот путер со јајцата, оцетот и јогуртот.
Со лажица нежно помешајте ги влажните и сувите состојки додека не добиете брашно. Внимавајте да не претерате со мешање затоа што тогаш смесата ќе стане прегуста. Ставете ја смесата во сад за печење кој сте го обложиле со хартија за печење.
Печете на 175 степени Целзиусови околу 25 минути, а откако лебот ќе се испече исечете го на тенки парчиња и послужете.
Пријатно јадење!