Докторот со кој што Путин се ракуваше минатата недела е позитивен на КОРОНА
Денис Проценко (44) ја предводи болницата за инфективни болести „Комунарка“ во Москва, која Путин ја посети минатата недела.
Двајцата се сретнаа одблизу и двапати се ракуваа со рацете без заштитна опрема.
Тие, исто така, беа на состанокот во канцеларијата на Протенко со други високи функционери, вклучително и руската вицепремиерка Татјана Голикова (54), која е одговорна за тимот на Русија што се справува со коронавирусот.
Дијагностицирањето на г-дин Проценко по негововото комуницирање со рускиот лидер покрена прашања за здравјето на лидерот.
Кремлин по симптомите на г-дин Проценко, објави дека Путин редовно се тестирал за коронавирус, и уверуваат дека „сè е во ред“.
Сепак се појави загриженост за тоа што се чини дека е несоодветен протокол за безбедност на рускиот лидер.
Путин носеше маска Хазмат кога ги обиколи одделенијата за коронавирус на Комунарка. Но немаше заштитна облека додека беше во другите делови на болницата.
Главната болничка медицинска сестра Људмила Ларионова рече дека е „потресена“ од одлуката на Путин да влезе во крилото каде што се изолирани пациенти носители на коронавирусот, каде се лекуваат 350 луѓе. Г-н Проценко е згрижен во својата болница, но останува да работи, изјави самиот за медиумите.
Во неделата портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, ја бранеше посетата на лидерот во болницата на 24 март. „Тој секогаш преферира да види со свои очи како се одвиваат работите – на фронтот“, рече тој.
„Путин не би бил Путин ако не одлучи да оди таму“.
ДЕНЕШЕН ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ТЕКСТОВИ:
Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата
СЛУШАЈТЕ СИ МУЗИКА ДОДЕКА ЧИТАТЕ ВЕСТИ:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.