ДОЛАРОТ БЛИСКУ ДО НАЈВИСОКОТО НИВО ВО МИНАТИТЕ 20 ГОДИНИ: Американската економија во рецесија

Вредноста на доларот се движи близу највисокото ниво во изминатите 20 години.

ДОЛАРОТ БЛИСКУ ДО НАЈВИСОКОТО НИВО ВО МИНАТИТЕ 20 ГОДИНИ: Американската економија во рецесија

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 113,80 поени, додека вчера беше 113,73 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 143,95 на 144,45 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 0,9640 долари, додека вчера беше 0,9655 долари.

Доларот, сепак, изгуби дел од своите добивки во однос на фунтата. Од петокот, кога економскиот план на новата британска влада поттикна стравувања од преголеми јавни финансии, фунтата падна за повеќе од 5 отсто во однос на вчерашниот ден.

По пораката на британската централна банка дека внимателно ја следи ситуацијата и дека е подготвена да ги промени каматните стапки доколку е потребно, фунтата се стабилизира и моментално се движи околу 1,0770 долари, додека вчера во еден момент падна на рекордно ниско ниво од 1,0327 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа, откако вчера паднаа на највисоко ниво од јануари.

Цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 0,64 отсто, на 84,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,60 отсто, на 77,15 долари.

Американската економија во рецесија

На повеќето азиски берзи, цените на акциите благо пораснаа во вторник, како одраз на повеќедневниот пад и стабилизацијата на фунтата.

Во понеделникот индексите на Волстрит паднаа петти трговски ден по ред. Dow Jones се лизна за 1,11 отсто, додека S&P 500 загуби 1,03 отсто, а Nasdaq индексот загуби 0,60 отсто.

Ова е последица на стравувањата на инвеститорите дека агресивното заострување на монетарната политика од страна на ФЕД ќе ја турне земјата во рецесија, откако минатата недела ФЕД ги зголеми каматните стапки трет пат по ред за 0,75 процентни поени, на опсег од 3 до 3,25 отсто, што е нивно највисоко ниво од 2008 година.

И челниците на ФЕД изјавија дека дополнително ќе ја зголемат цената на парите со цел да се намали инфлацијата од највисоките нивоа во повеќе од 40 години.

За агресивните планови на ФЕД да ја ограничи инфлацијата до целта од 2 отсто ќе бидат потребни години, ќе го забави економскиот раст и ќе ја зголеми невработеноста, покажуваат проекциите на ФЕД.

Затоа, инвеститорите се плашат од рецесија.

Технички, американската економија веќе падна во рецесија, но засега е плитко, велат аналитичарите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.