Должината на п*нисоt се гледа од должината на прстите

Вообичаено е мислењето дека мажите, кога станува збор за сексот се многу помалку комплицирани, појасни и со помалку скриени тајни отколку што тоа е случај со жените. Но, неколку истражувања откриле дека тие и не се толку едноставни, бидејќи и на нив влијаат хормоните.

Окситоцинот делува
Иако окситоцинот е познат дека има влијание врз жените за време на сексот, последните истражувања покажале дека тој делува и кај мажите. Имено, окситоцинот кај нив предизвикува чувство на доверба кон партнерката до таа мерка што во едно истражување мажите на кои им бил даван окситоцин, толку им верувале на своите партнерки што им давале пари за ризични вложувања на Берзата.

Мажите и тестостеронот
Се смета дека високото ниво на тестостерон е добро за сексуалниот нагон кај мажот. Но, најновите истражувања покажуваат дека оние кои имаат повисоко ниво на тестостерон поретко се женат, почесто се разведуваат и во бракот се склони кон злоупотреба.

Должината на пенисот може да се одреди по должината на прстите?
Универзитетот во Ливерпул спровел истражување поврзано со должината на пенисот и должината на домалиот прст. Тие заклучиле дека должината и на двете е директно поврзана со количината на тестостерон која мажот ја примил додека бил во утробата на мајката. Ако домалиот прст кај мажот е подолг од показалецот тоа значи дека примал нормална количина тестостерон во матката. Ако е пократок, тогаш нивото на тестостерон не било доволно, што се одразува и на должината на пенисот.

Мажите сакаат необичен секс
Кога се работи за склоноста кон необичен секс, мажите ги надминуваат жените во просек 20:1. Причината за ова може да лежи во биолошката, психичката или социобиолошката природа, но ниту една од овие причини со сигурност не може да се објасни.

Мажите се вљубуваат побрзо од жените
Иако се мисли дека жените знаат неконтролирано да се вљубат до уши, а мажите се најчесто смирени и прибрани, најновите истражувања покажале дека мажите имаат далеку повеќе активности во подрачјето на мозокот кое е задолжено за визуелна обработка, особено на лицето, отколку кај жените. Значи, со појава на привлечно женско лице мажите ги обзема чувство на вљубеност и романтика што води до експресно вљубување.

Семејниот живот влијае на тестостеронот
Истражувањето од 2001 покажало дека кај мажите кои се посветени на семејството им се намалува нивото на тестостерон. Интересно, најголем пад на овој хормон татковците го доживуваат кога ќе се роди детето, а особено кога детето го држат во раце.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.