Дора Бакојани: „Меморандумите требаше да ги изгласаме порано“

Поранешната грчка министерка за надворешни работи и сестра на премиерот Киријакос Мицотакс, Дора Бакојани, рече дека парламентот во Атина требало уште порано да ги изгласа трите меморандуми поврзани со Преспанскиот договор.

Говорејќи за телевизијата СКАИ во вторникот наутро, за средбата Мицотакис-Ердоган, посетата на Еди Рама на Атина и тензиите на Грција во последните 24 часа со Македонија, Дора Бакојани рече: „Меморандумите мора да се гласаат. Можевме да го направиме тоа порано“.

На прашањето за можноста за несогласувања во владата околу нивното гласање, таа одговори дека „Нова демократија е многу сериозна“ и зборуваше за „одговорност“, нагласувајќи дека „не сме за прекор“.

Запрашана за коментар за случувањата во последните неколку дена и дали има проблем со Договорот од Преспа, таа појасни: „Реалноста се одмаздува. Тоа го доживеавме со сите оние кои би кинеле меморандуми. Кога ќе се формира влада во Скопје реалноста ќе им падне на нивните глави и ќе сфатат дека се што кажаа пред избори е само свеж воздух, па може да се случат две работи: едната е да продолжат со тоа и тогаш европската перспектива ќе биде… фуј. Реакциите ќе бидат колосални. Државата не ќе може да го издржи тоа. Другата работа е тие да се опаметат, да одат по веќе изгазените патеки и да го ‘изедат’ она што го зборуваа во предизборниот период“.

Во врска со посетата на Еди Рама на Грција и митингот во Атина, Бакојани рече „не ми е гајле“, нагласувајќи од друга страна дека „мене ми е гајле што се прави со Белерис (уапсениот градоначалник на албанскиот град Химара). Тоа што собра 5.000 Албанци и разговараше со нив, тој е среќен“. И го повика албанскиот премиер да „не заборави дека Грција пред се има политичко влијание врз албанските гласачи кои живеат во Грција. И кога Грција сака да го искористи ова политичко влијание, може да го стори тоа со голема удобност“.

Пронајдете не на следниве мрежи: