Доста ни е од понижување и бришење на нашето достоинство, напиша Пандов

Постот на политичкиот аналитичар, Александар Пандов на неговиот Фејсбук профил:
– Малку сме биле вчера на протестот, констатираа поголем дел од луѓето. Да, може мала на број, но голема по влијание! Да ве потсетам дека и најголемите лавини започнуваат од мали. Ако народот види дека оваа група на луѓе е цврсто решена да предизвика огромна лавина која ќе го однесе во безтрага Заев и оваа корумпирана и предавничка хунта, што би значело покрај отфрлање на договорот од Нивици, барање оставка од Заев и бојкот на работата на парламентот се до негово распуштање, ве уверувам дека бројката на народ која ќе доаѓа пред парламентот ќе се мултиплицира! До сите нас е да покажеме дека ни е доста од ова понижување и бришење на нашето достоинство. Се гледаме пред собрание. Да живее Република Македонија

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.