Адвокатот на осудениот поранешен директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, Сашко Дуковски, до судот достави извод од катастарот на Халкидики. Со него се потврдува дека Чавков не поседува „ни вила, ни гулабарник, ни трло“ во Халкидики, што беше една од основите за определување на казната за Чавков, вели Дуковски.
Адвокатот е сигурен дека судот ќе ја одбие жалбата на Чавков, но нагласи дека предметот ќе заврши во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.