Доставувач бил нападнат на подрачјето на скопски Аеродром при што му била украдена чантата со службени и негови лични пари.
–Во понеделникот во 17.40 часот во СВР Скопје, Н.Т.(26) од Скопје пријавил дека околу 12.45 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, додека извршувал работни задачи – доставувач за приватна фирма, две лица физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле чанта со службени и негови лични пари, информираат од МВР.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.