Дотраениот германски владин авион продаден за делови


Застарениот германски владин авион „Конрад Аденауер“, кој последните години често се расипуваше и им предизвикуваше проблеми на високи германски функционери, е продаден на компанијата „Lufthansа“ која ќе го користи за резервни делови, соопштено е во петокот.

„Lufthansa Technik го купи авионот Airbus А340 од германската влада и ќе го користи за продажба и употреба на резервни делови“, се вели во соопштението на комопанијата.

Во соопштението се вели дека многу делови од авионот, кој владата го повлече од употреба минатата есен, се во „извонредна состојба“. Ова првенствено се однесува на моторите.

Од „Lufthansa“ не соопштија што ќе прават со специјалната опрема на овој авион, како што се спалните соби и бањите.

Како што објави неделникот Der Spiegel, „Lufthansa“ платила „едноцифрена“ милионска сума за расходуваниот авион. Авионот веќе е на пат за Теруел, во Шпанија, каде што ќе биде демонтиран.

Авионот „Конрад Аденауер“ служеше ако авион на германската влада од 2011 година, но последните години, поради технички проблеми, предизвика многу доцнења и одложувања на патувањата на владините политичари, пред сѐ, на канцеларот Олаф Шолц и на министерката за надворешни работи Анален Баербок, но исто така предизвикуваше проблеми и на нивната претходничка, канцеларката Ангела Меркел. Во 2011 година, германската влада го купи овој авион токму од „Lufthansa“, која претходно го користела десет години на редовните линии.

Во меѓувреме, германската влада сега го користи поголемиот авион „Airbus А350#, кој исто така го носи името на првиот повоен канцелар на Германија, Конрад Аденауер.

Пронајдете не на следниве мрежи: