ДПА таксативно ќе ги поддржува Уставните измени, го извести Тачи Палмер

Мендух Тачи, претседател на Демократската партија на Албанците и заменик-помошникот државен секретар, Метју Палмер се сретнаа денес во резиденцијата на американскиот амбасадор Џес Бејли. На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација, за имплементацијата на Преспанскиот договор, како и за реформскиот процес, соопштија од ДПА.
– Претседателот Тачи на средбата истакна дека ДПА ќе продолжи таксативно да ги поддржува Уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор, како и процесот на реформи за целосна интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ.
о соопштението стои дека на состанокот Палмер ја потврдил целосната поддршка од САД за Преспанскиот договор и за агендата што ја води земјата до членството во НАТО и во ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.