ДПМНЕ НАПРАВИ КВОРУМ ЗА АМНЕСТИЈА НА КРИМИНАЛОТ, ЗАЕДНО СО СДС И ДУИ

Широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ, со европско знаменце, ги амнестираше криминалите на своите политичари и функционери преку драстично намалување на казните за наместени тендери, злоупотреба на овластувањата и за злосторничко здружување!

ДПМНЕ НАПРАВИ КВОРУМ ЗА АМНЕСТИЈА НА КРИМИНАЛОТ, ЗАЕДНО СО СДС И ДУИ

На вчерашната собраниска седница, скандалозно и бесрамно, како од моделите на најмрачните режими, се изгласаа контроверзните измени во Кривичниот законик со кои политичката елита од големите партии се амнестираше од криминалот! Собраниската опозиција, сочинета единствено од пратениците од Левица, одби да земе учество во озаконувањето на високата корупција.

Блокот на партии од елитата ДПМНЕ-СДС-ДУИ, како и пред наметнатите уставни измени од т.н. Преспански договор, повторно го менува Кривичниот законик како политички договор кој највеќе и одговара на оваа широка коалиција – првично, за заштита на корумпираните партиски раководства, а потоа и за повторен обид за наметнување на уставните измени за бугаризација на Македонија.

Левица останува единствената автентична парламентарна партија која го брани народниот интерес во Собранието и ветува дека, по следните парламентарни избори, повторно ќе ја заостри казнената политика и ќе го дуплира рокот за застареност на криминалите на вечната коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.