Драгана Мирковиќ откри дека ќе мора да зема лекарства до крајот на животот поради тешката здравствена состојба предизвикана од големиот стрес.
Иако поради среќниот брак со Тони Бјелиќ и многу успешната кариера, важи за многу среќна жена, статусот на фолк ѕвезда и донел голем стрес кој тироидната жлезда не може да го поднесе.
– Проблемот со тироидната жлезда настана бидејќи многу работи премолчев. Навистина знае да биде болно кога има грутка во грлото и кога сакаш да зборуваш, но не си дозволуваш да кажеш или да одговориш. И ти знаеш се, и се ти е јасно, и сите знаат се и сите молчиме – рече таа.
Драгана Мирковиќ кога дознала за дијагнозата го променила начинот на исхрана, а покрај медицинската терапија зема и одредени суплементи, за да ја држи болеста под контрола.
Симптоми на тироидната жлезда:
- Тага и депресија – од клиниката Меико велат дека тироидната жлезда има најголемо влијание врз нашето расположение. Ако жлездата работи премногу бавно, ќе се чувствувате депресивно и апатично, а ако работи пребрзо, ќе страдате од немир и раздразливо однесување.
- Запек – Хормоналната нерамнотежа предизвикана од неправилно функционирање на тироидната жлезда доведува до бавно варење.
- Премногу спиете – ако постојано сте поспани и не можете да станете од кревет, веројатно имате проблем со тироидната жлезда.
- Губење на косата и сува кожа – хормоните се повторно одговорни за овие симптоми
- Нагло зголемување на телесната тежина
- Недостаток на сексуална желба
- Мускулна болка
- Брзо отчукување на срцето – што сигнализира дека тироидната жлезда е преактивна.
- Нејасни и замаглени мисли
- Висок крвен притисок
- Зголемен апетит
- Болка во вратот или под ушите – како кога ве боли грлото или ве боли грло.