Вистинска драма се одиграла во Бока Которска кога припадници на Управата за поморска безбедност морале да евакуираат 9-месечно бебе од крузер кој се наоѓал на 19 наутички милји од влезот во Которскиот залив. Екипажот на спасувачкиот чамец „SAR-1“ кој е пратен на самото место, го преземал бебето и се упатил кон пристаништето Луштица беј, каде на бебето му е пружена медицинска помош.
„Координацискиот центар за трагање и спасување на море, во состав на Управата за морска безбедност и управување на пристаништа во 2 часот 35 минути примила повик од крузерот „Marella Explorer“, кој плови под знамето на Малта, а чија дестинација бил Котор, да се побара евакуација на деветмесечно бебе од машки пол, британски државјанин, кое има здравствени проблеми. Со координација на „MRCC“ операторите Никола Чејовиќ и Бата Томашевиќ пратен е чамец „SAR-1“ со екипаж да извршат прифаќање на бебето од крузерот“, соопштиле од Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа.
Веднаш се известени „MVCG“, „SGP“ и „OKC 112“, и повикан е Заводот за итна медицинска помош од Тиват да направат прифаќање на бебето од крузерот на пристаништето Луштица Беј, каде тим за итни интервенции ги преземал сите неопходни чекори за безбедност да изврши врзување на спасувачкиот чамец и транспорт со возило „ZHMP“.
„Во 4.23 часот екипажот на спасувачкиот чамец SAR-1 го презема бебето со здравствени проблеми со двајца придружници од крузер и се упати кон пристаништето Луштица беј каде пристигнале во 4:40 часот, со асистенција на пожарните служби на пристаништето и персоналот на „ZHMP“ безбедно го предадоа на понатамошен медицински третман“, навеле од Управата за поморска безбедност.