На 08.01.2023 во 00.45 часот на подрачјето на Драчево од полициски службеници бил лишен од слобода З.П.(48) од Скопје поради тоа што околу 00.20 часот во Поликлиниката Драчево агресивно се однесувал кон лекар и се обидел физички да го нападне, по што скршил прозорско стакло во холот.
Тој е приведен во полициска станица, при што во службен разговор во целост го признал извршеното кривично дело.
Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.