ДРАМА НА СЕВЕР ОД ЕВРОПА! СТРАВ ОД ИНЦИДЕНТИ НА БАЛТИКОТ: Десет земји испраќаат војска, за прв пат е активиран посебен механизам!

Десетте северноевропски земји кои ги сочинуваат Здружените експедициски сили (ЏЕФ) во вторникот одлучија да ја активираат „одбранбената клаузула“ која овозможува распоредување на дополнителни воени ресурси за заштита на инфраструктурата во Балтичкото Море.

Овој потег беше повлечен по неколку инциденти во северните води.

„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
Елон Маск, американски милијардер и близок соработник на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, со сарказам ја прокоментира изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Украина е независна земја …
Украина го намалува производството на струја од нуклеарните централи по руските напади
Украинските нуклеарни централи го намалија производството на електрична енергија како мерка на претпазливост по масовните руски напади врз енергетската инфраструктура викендов, изјави денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за …

Се вели дека повеќе поморски и воздушни капацитети ќе бидат распоредени во срцето на регионот за да помогнат во „заштитата на критичната подводна инфраструктура“, се вели во соопштението на министрите за одбрана на десетте земји.

  • Ова е првпат ЏЕФ да ја активира одбранбената клаузула – истакнаа тие, посочувајќи дека нивните активности ќе започнат на почетокот на декември.

Фокусиран на оперативната одбрана во Северна Европа, ЏЕФ е коалиција од 10 земји предводена од Велика Британија, вклучувајќи ги и Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Холандија, Норвешка и Шведска.

  • Околу 20 воени бродови ќе бидат распоредени во Балтичкото Море, но и во областите на Северен Атлантик, со цел да се земе предвид безбедносната ситуација и подобро да се заштити клучната подводна инфраструктура – изјави шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон на јавниот канал СВТ.

Сигнал за Русија

Тој рече дека зајакнувањето на воените сили е неопходно за да се соочиме со „многу сериозна безбедносна ситуација во светот, а особено во нашето соседство“.

– Мора да бидеме способни да извршиме ваков тип на операција за да ја одбраниме нашата витална инфраструктура, но и да испратиме сигнал до Русија – додаде Џонсон.

Земјите од ЏЕФ се согласија во октомври да ја зајакнат безбедноста во Балтичкото Море, откако подводниот гасовод меѓу Финска и Естонија беше затворен поради истекување за кое се вели дека е предизвикано од надворешна акција. Подоцна беше откриено дека е оштетен и подводниот кабел меѓу Естонија и Шведска.

Финската полиција на крајот заклучи дека штетата на гасоводот била предизвикана од сидрото на кинескиот трговски брод кој ја напуштил областа. Но, инцидентот покрена шпекулации и ја зголеми нервозата.

Во септември 2022 година, гасоводот Северен тек, кој пренесуваше руски гас во Западна Европа преку Балтичкото Море, беше уништен поради конфликтот со Москва поради нејзината инвазија на Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.