Драма во Ханиоти: Србин се скарал со синот, го удрил со пиштол во глава, па го ранил во нога

21-годишно момче од Србија е хоспитализирано во болница во Полигрос, откако неговиот татко, исто така Србин, пукал во него во Ханиоти. Во извештајот на локалната полиција се наведува дека 39-годишниот маж пукал во својот син кој во тој момент се одморал со мајка му во Грција.
Таткото и мајката се разведени, а кај таткото била пронајдена мала количина кокаин, пренесуваат грчките медиуми. На пукањето претходела кавга меѓу таткото и синот, па во еден момент Србинот  извадил пиштол, го удрил со него синот по глава, а потоа го ранил во десната нога. Набрзо таткото бил уапсен, додека момчето било пренесено во болница.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.