ДРАМА НА СКИ ТЕРЕНИТЕ ВО МАВРОВО – се степале осум скијачи, во тепачката се удирале со скии и ски стапови, тешко повредени две лица!

По тепачката на ски терени во Мавров Осум лица, четворица државјани на Косово и четворица од Гостивар се лишени од слобода откако меѓусебно се степале на терени на ски центарот Маврово. Во тепачката во која биле користени и спортски реквизити, две лица се потешко повредени и пренесени на Скопските клиники. За дел од учесниците може да бидат поднесени и кривични пријави за насилство.
Според СВР Тетово, полициски службеници од ОВР Гостивар вчера околу 18:15 часот ги лишиле од слобода: Ј.О.(27), Д.О.(30), Ф.О.(29) и А.О.(19) од Република Косово и Б.Д.(29), Г.Ѓ.(25), М.Ѓ.(41) и С.Ѓ.(30) од Гостивар, поради сомнение за нивна инволвираност во меѓусебна физичка пресметка која околу 14:50 часот се случила на ски-терените на Бистра во Маврово.
Според пријавеното, во физичката пресметка биле употребени и тврди предмети, а две лица, А.О. и С.Ѓ. се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде во меѓувреме биле пренесени за укажување на лекарска помош.
Сите инволвирани се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.