Објавена е листата на Академијата за судии и јавни обвинители. Завршниот испит го положиле 57 кандидати, од кои дел ќе бидат судии, а дел јавни обвинители.
Продолжува праксата значајни места во државната управа да се пополнуваат на непотисќки начин. Дали е во прашање системската семејна предност во вакви случаи останува отворено прашање…
Тоа може само во Македонија… Барлет Џафери, синот на собранискиот спикер, Талат Џафери, за кого Државната комисија за спречување на корупцијата утврди дека положил правосуден испит пред да дипломира е 42-ри на ранг листата и е во групата на идните јавни обвинители. Потоа на листата е и сопругата на новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, Албулена Абази, исто така идна обвинителка.
Сопругата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски исто така се пласирала на рангирањето и е на пат да стане судијка…
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.