Владата на Малави денеска соопшти дека ќе има државен погреб за потпретседателот на земјата Саулос Чилима, кој загина во авионска несреќа, а националната жалост ќе трае 21 ден.Чилими загина заедно со уште девет лица, меѓу кои и поранешната прва дама Шанил Џимбири, кога воениот авион со кој патуваа од главниот град Лилонгве за Мзузу се урна на северот на земјата.За време на целиот период на жалост знамињата ќе бидат на половина копје.Претседателот Лазарус Чаквера назначи министерски комитет кој ќе ги надгледува подготовките за државниот погреб, се вели во соопштението на владата. Датумот не е објавен.Загинатите патници во авионот тргнале во Мзузу на погреб на поранешен министер.Џимбири е поранешна сопруга на поранешниот претседател Бакили Мулузи.„Контролорите на летање му рекле на екипажот да не се обидува да слета на аеродромот Мзузу поради лошите временски услови и слабата видливост и побарале од нив да се вратат во Лилонгве“, рече претседателот Чаквера.Потоа изгубиле контакт со леталото, кое исчезнало од радарот, а во акцијата за пребарување и спасување учествувале стотици војници, полицајци и спасувачи.
Пронајдете не на следниве мрежи: