ДРИН АХМЕТИ: Внучињата за Нова Година ми останаа без подароци, пиротехниката легално купена?!

Обвинителството ќе го чека вештањето на запленетите пиротехнички средства во џипот на внукот на Али Ахмети, Дрин, па дури потоа ќе цени дали има доволно елементи за кривична одговорност или ќе помине со прекршочна казна.
Пиротехниката која полицијата при претрес ја пронајде во возилото на Дрин Ахмети, младиот бизнисмен и внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, ја набавил легално. Со вакво тврдење и без да сака да сподели повеќе детали, излезе Дрин Ахмети. Не смета дека сторил кривично дело, па затоа ќе води правна битка.

Убиен е лидерот на Хамас во Либан
Хамас соопшти дека во денешен израелски напад е убиен нивниот водач во Либан – Фатех Шериф Абу ел-Амин. Тој бил убиен заедно со неговата сопруга, син и ќерка, во нападот што бил насочен …
Пронајдена почината 72-годишна планинарка на Шар Планина
Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен, по …

„Во овој момент, нема да коментирам детали бидејќи во тек е истрага и постапка, а мојот правен тим работи на тоа. Можам да го кажам само ова, пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци.“

Кривичниот законик навел дека држењето и набавката на распрскувачки материи е кривично дело. Министерот за внатрешни Оливер Спасовски вчера потврди дека во исвестувањето кое МВР го доставило до Јавното обвинителство е наведен членот 396 од КЗ.
Ако предмет на делото е поголемо количество на распрскувачки материи наменети за дозволени забавни, свeчени и други активности, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.

Сепак последниот збор за тоа дали воопшто, или ако одговора Дрин Ахмети тоа ќе биде кривично или прекршочно, ќе го има Јавното обвинителство. Од таму и денеска не споделуваат нови детали за случајот освен дека се чека вештачење на доказите па ќе се носи одлука. Доколку се утврди дека Ахмети не сторил кривично дело тогаш на полицијата ќе и остане опцијата да поднесе прекршочна пријава. Законот за прекршувањата на јавниот ред и мир за употреба на пиротехнички средства предвидува парична казна од 100 до 250 евра. Дрин Ахмети беше уапсен ден пред Нова година во блисина на старата скопска чаршија при што тигрите пронашле 750 парчиња пиротехнички средства.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.