ДУИ: Не е точно дека Ахмети преговара со Груевски за уставни измени

Демократската унија за интеграција категорично демантира дека воделе тајни преговори со поранешниот премиер Никола Груевски за обезбедување гласови за уставни измени.

Од партијата на власт се децидни дека „ниту еден функционер на ДУИ немал никаков контакт“ со Груевски.

-Ниту сега, ниту во минатото, од неговото бегство, за ниту едно прашање, со поранешниот премиер Груевски, па затоа длабоко жалиме за ваквите тенденциозни шпекулации и неточни информации објавени во јавноста. Цениме дека уставните измени се од особено значење за државата и граѓаните затоа ги повикуваме медиумите, граѓанскиот сектор, академската заедница, придонесувачите во јавното мислење да ја третираат оваа тема со најголема сериозност бидејќи таа ја дефинира нашата заедничка иднина. Опозицијата експлицитно ја поддржува европската интеграција на Македонија и ја повикуваме оваа програмска определба заедно да ја реализираме без партиски изборни калкулации, велат од партијата на Али Ахмети.

Додаваат дека ДУИ ги поддржува уставните измени и цени дека овој процес ја зајакнува државата и го обезбедува интегративниот процес на земјата.

Дел од медиумите вчера пишуваа дека партијата од Мала Речица преговара со поранешниот премиер Никола Груевски, за да ги обезбеди потребните гласови за уставни измени.

Пронајдете не на следниве мрежи: