ДУИ ОДЛУЧИ! Талат Џафери нов премиер на 28-ми Јануари

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на состанок во партиското седиште одлучило актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери да биде технички претседател на Владата на Република Северна Македонија од 28 јануари во пресрет на изборите напролет.

Франција има нова влада по неколкунеделната политичка неизвесност
Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена од премиерот Мишел Барние, соопшти неговиот кабинет, обележана со поместување надесно 11 недели по неубедливите парламентарни избори. Првата голема задача …
Израелската војска соопшти дека погодила „илјадници“ ракетни лансери во Либан
Израелската војска соопшти дека нејзините воздушни сили таргетирале денеска илјадници ракетни лансери во јужен Либан што претставувале „непосредна“ закана, бидејќи се зголемиле стравувањата од сеопфатна војна со …

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, на својот фејсбук-профил ги објави и другите одлуки од состанокот на партиското Претседателство во Мала Речица во врска со учеството на ДУИ на претседателските и парламентарните избори во 2024 година.

-Фатмир Бесими е избран за шеф на Централниот изборен штаб за изборите 2024. Се овластува претседателот на партијата да продолжи со разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори, објави Османи на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.