Дукат привремено го прекина откупот на свежо сирова млеко од 180 фарми во источна Хрватска каде во млекото беше најдено покачено ниво на афлатоксин, а откупот ќе продолжи штом фармите ќе бидат во состојба да испорачуваат здраво млеко, јави Хина.
Се проценува дека станува збор за околу четири отсто од дневните количини кои што ги откупува Дукат, или околу 24.000 литри млеко.„Врз основа на резултатите на сопствените паралелни анализи на контрола на сировото млеко и на дополнителните анализи на независните лабаратории кои ги потврдија наодите, Дукат привремено го прекина откупот на свежо сирова млеко од фармите во кои е утврдено зголемување на афлатоксинот“, стои во соопштението на компанијата.Од кога беше потврдено присуството на афлатоксинот во млекото, Дукат ги повлече спорните артикли од рафтовите во продавниците и набави аналитичка опрема, со која започна секојдневна паралелна контрола на откупеното сирово млеко.
Макфакс
Дукат привремено го прекина откупот на свежо сирова млеко од 180 фарми во источна Хрватска кад