Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски информира дека во текот на вчерашниот ден, дури 500 граѓани во секунда се јавувале на телефонските броеви на МВР за закажување за фотографирање за лични документи.
-Во една секунда 500 граѓани ѕвонат за да закажат, а на самиот пункт во „Пролет“ имало луѓе кои биле да прашаат за да резервираат бидејќи немале доволно јасни информации за самите лични карти. Потенцирам дека тие важат до моментот на втисната дата. Ова е кризна состојба, кажа Тошковски во емисијата „10 минути“.