Драгана Мировиќ народот ја смета за многу скромна жена, која се грижи само за семејството, домот и кариерата. Никогаш не им придавала значење на луксузните предмети, иако очигледно ги има во изобилство.
Таа сигурно не е од оние кои се фалат со скапоцени работи, но сега направи исклучок, па го покажа брендираниот подарок што го доби.
Имено, пејачката на социјалните мрежи објави дека нејзината колекција куфери е побогата за уште еден.
Станува збор за куфер на реномираниот француски бренд „Луj Витон“, чија цена се движи до вртоглави 5.000 евра. Во атрактивен монограмски принт и со нејзините иницијали, куферот ја воодушеви Драгана, која го објави на „Инстаграм стори“, поради што многумина и завидуваат.