Дурловски не сака амнестија, сака да докаже дека е политички прогонуван

Игор Дурловски, оперски пејач, признат кај нас и ширум светот, и обвинет за тероризам му зададе силен удар на обидот на власта со Законот за амнестија да ја релативизира својата улога во судскиот скандал на векот и процесот за тероризам против 33 луѓе. Тој нема да бара амнестија, затоа што со тоа би признал вина што ја бранел Македонија, својата вина ќе ја докажува на суд. Свесен е, вели, дека го ризикува својот и животот на своите најмили и дека со вакво политизирано судство може да добие 10-годишна затворска казна. Сепак, тој е решен е да оди до крај во докажувањето на апсурдноста на процесот против него во кој нему му се суди затоа што се обидел да ја одбрани Македонија од политички местенки и црни сценарија.
-Почитувани, наместо молба за помилување, ја споделувам со Вас мојата одлука да продолжам со борбата за докажување на мојата невиност за обвинението за кое ми се суди. Секоја борба носи свој ризик, а со оваа постапка го ставам на ризик и мојот и животот на моите најмили, но, убеден сум дека ме разбираат зошто ова е важно, да се бориме за своите принципи, за правда, доследно и храбро.
Се надевам дека со оваа одлука ќе и ја одземам можноста на политиката да се постави над правичноста и судството. Во свое име и во име на моите пријатели од „Заедничка Македонија“ и на илјадниците чесни и мирољубиви граѓани кои ги исполнуваа улиците со љубов кон татковината. Ја отфрлам можноста да бидам дел од селективна правда и понатамошни интриги со криење позади превезот на Вашето политичко „помирување“. Вистинско помирување може да постигнеме само со правда, чест и морал.
Останувам со чисто срце со љубов кон татковината, верба во Бога и надеж за подобра иднина за сите нас, вели Дурловски.
Да живее Македонија??????”, пишува Дурловски користејќи ги хаштазите #SexPistols и
#MyWay како симболи на бунтовност и сопствен автентичен начин да се бори против судско – политичките местенки во Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.