Јелена Карлеуша често истакнуваше дека сè што јавноста знае за неа всушност не е вистина. Дека приватно е многу поинаква, понежна и како што самата вели „досадна личност“. Поп дивата своевремено во едно емотивно интервју откри детали за себе кои малкумина ги знаеле, спомнувајќи го нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.
-Кога реков дека мажот мора да е ,,лажен’, мислев дека никогаш не смее да ги покажува своите вистински бои, своето вистинско лице. Моето вистинско лице е сето она за што јавноста на Балканот не ни сонува. Никој навистина не ме познава. Единствената што ме познаваше беше мајка ми, можеби моите деца, но не и мојот сопруг. Јас, всушност, сум измамник на шоубизот. Бидејќи сè што мислат луѓето за мене, не е така. Извртена слика на жена која мораше да биде пет пати подобра од сите други за да има шанса воопшто. И тогаш се претвора во трка со самиот себе, опсесија со егото. Сликата што беше испратена за мене не е добра – искрена беше Јелена.
Меѓутоа, во едно интервју таа откри дека ниту еден маж никогаш не ја заштитил од вербални напади, вклучително и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, со кој е во процес на развод.
– Ниту еден човек никогаш не ме заштитил, вклучително и мојот сопруг. Секогаш ме навредуваа, ме понижуваа, а никој не помисли да ме брани како жена. Одбрана доживеав само од жени. И благодарам за тоа. Како општество ја нагласуваме борбата против насилството врз жените. Па зошто тоа не се применува дури и кога се работи за мене – рече Јелена и додаде:
– Кој ќе преживее тоа што сум го преживеала јас, веќе не чувствува болка, удари, понижување, или тага… Чувствува само желба да преживее и многу често за одмазда, за жал – искрена беше Јелена.