Душко Тошиќ доби забрана за приближување на Јелена Карлеуша?

Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ во полиција потврдил дека дошло до кавга меѓу него и неговата сопруга Јелена Карлеуша, но рекол дека немало насилство.
-Се каравме, шокиран сум, не разбирам што ми се случи – рекол Душко Тошиќ кому полицијата во следните 48 часа му забранила да и се приближи на сопругата.
Адвокатите на Душко, Небојша Перовиќ и Никола Премовиќ потврдија дека Душко Тошиќ негирал дека бил насилен кон сопругата.
– Мојот клиент негира дека извршил какво било насилство. Полицијата постапила по пријавата на г-ѓа Јелена Карлеуша – изјави Перовиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.