На 26.11.2024 во 15.30 часот во СВР Охрид, 47 – годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 6.000 евра.
-Според пријавеното, пред извесно време на една апликација отворил негов електронски паричник и уплатил 100 евра, но парите му пропаднале и не пријавил затоа што се работело за помала сума. Како што е пријавено, на 20.11.2024 на социјална мрежа забележал објава со понуда за враќање на украдени пари и се регистрирал, а по неколку дена му се јавило лицето и тој го запознал со неговиот проблем.
Исто така, според пријавеното, по неколку дена лицето повторно му се јавило и го известило дека на негоавта сметка во Народна банка имал заглавени 15.630 долари и за да можат да ја извршат уплатата ќе треба да инсталира една апликација и да го зголеми лимитот во неговата банка на приближно иста сума колку што треба да му биде исплатено, информира МВР.
Откако сторил како што му било кажано, забележал дека од неговата сметка биле направени две трансакции од 6.000 евра.