Еве зошто треба да избегнувате гума за џвакање

Поради проблеми со варењето ја сменивте исхраната, редовно користете пробиотици и други додатоци, но сепак имате проблеми кога станува збор за варењето?
Гастроентерологот Марвин Синг вели дека во повеќето случаи, неговите пациенти во прашање се гумите за џвакање. Верувале или не, гумите за џвакање содржат вештачки засладувачи како полиоли, кои припаѓаат на јаглехидрати кои не можат да се распаѓаат и кои често се собираат во тенкото црево. Затоа, ако сте ја смениле вашата исхрана и внимавате што консумирате од храна и пијалаци, а сѐ уште се појавуваат проблеми со варењето, многу веројатно за тоа можете да ја обвинете гумата за џвакање.
И покрај фактот дека не ја јадете гумата за џвакање, со голтање плунка внесувате вештачки засладувачи, кои во никој случај не се добри за вашето здравје. Но, освен фактот дека вештачките засладувачи се токсични за добрите бактерии во цревата, џвакањето испраќа сигнали за јадење. Ензимите и киселините се активираат, за да се вари храната што всушност ја нема. Ова може да доведе до надуеност и прекумерно лачење на желудочна киселина, што може да ја загрози способноста на телото да произведува доволно дигестивни сокови кога навистина јадете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.