Зелените банани на сите им делуваат бескорисно сè до моментот додека не ја добијат својата жолта боја, што не се случува веднаш.
Сепак, постои еден трик кој може да го употребите, користејќи ја микробрановата печка.
Најпрво земете вилушка и избодете ја бананата од сите страни, за да го олесните апсорбирањето на топлината. Потоа бананата ставете ја во печката на околу 30-60 секунди и тоа би било сè!
Кога ќе ја извадите од микробрановата печка, веројатно ќе изгледа грозно, но нејзината текстура ќе биде еднаква на зрелите банани.
Откако бананата ќе биде „готова“, оставете ја да се излади. На овој начин секој пат може да добиете совршено зрела и вкусна банана.