Германија треба да се подготви за војна против Русија во наредните години, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.– Германија треба да се подготви за војна до 2029 година – рече тој.За да го направи тоа, Берлин мора да внимава на обуката на војниците, на материјалните и финансиските компоненти, додаде тој.Писториус рече дека руската победа во Украина ќе го чини Берлин повеќе од воена и финансиска помош за вооружените сили на Украина.– Мора јасно да разбереме: победата на Русија би не чинела повеќе од сегашната поддршка за Украина – рече министерот.Според Писториус, враќањето на задолжителниот воен рок станува задолжително за земјата.
Пронајдете не на следниве мрежи: