ЕВЕ КОИ БАРАЊА МОРА ДА ГИ ИСПОЛНУВА ДАДИЛКАТА НА СИНОТ НА АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ: „СТРОГИ КРИТЕРИУМИ!

Центарот на светот на пејачката Александра Пријовиќ секако е нејзиниот син Александар.Наследникот на Пријовиќ во неколку наврати се појавуваше на сцената на концертите на неговата мајка, а нивната вербална и невербална комуникација покажа колку се блиски.Иако секој слободен момент Александра го поминува со синот, поради бројните обврски неизбежно беше да има и дадилка.Најчесто го оставаме кај мојата и мајката на Филип, а придружуван е и од жена која се грижи за него и која ја сметаме за член на семејството. Александар стана миленик на нашите семејства, па сите се натпреваруваат кој ќе помине време со него – изјави во една прилика Александра за „Глорија“ откривајќи кои критериуми морала да ги исполнува дадилката на малиот Александар.– Имавме строги критериуми при изборот на дадилка. Ни беше важно таа да биде грижлива, да ги сака децата и да учествува во неговото воспитување на најдобар можен начин. Најдовме токму таква – изјавила Александра која не сака претерано да споделува фотографии од момчето со јавноста.Исто така, дадилката на малиот Александар Живојиновиќ има само пофални зборови за Филип и Александра, како што им се доверила на другарките, тие се многу грижливи родители и малиот Александар е опкружен со неизмерна љубов, а мама и тато му ја исполнуваат речиси секоја желба, пренесува „Глорија“.

Пронајдете не на следниве мрежи: