Еве кои личности најмногу изневеруваат

Никој не сака да биде во врска со личност која изневерува, но за жал, тешко е да се процени дали личноста е склона кон тоа или не.
За среќа, науката е тука за да нѝ помогне – ова се типови на луѓе кои најмногу сакаат да изневеруваат.
Личности чии години завршуваат на 9
Без разлика дали станува збор за 29, 39, 49 или 59, луѓето кои излегуваат од една деценија и преоѓаат во друга најчесто изневеруваат. Причината е едноставна – на преминот од една во друга деценија, луѓето се склони кон донесување одлуки кои ќе им го променат животот.


Високи мажи
Конечно нешто што им оди во прилог на пониските мажи – мажите над 182 центиметри се склони кон изневерување, покажува едно истражување на веб-страницата IllicitEncounters.com.


Русокоси
Истражувањето кое било спроведено на веб-страницата CheaterVille.com потврдува дека русокосите навистина повеќе се забавуваат – со некој со кој не се во врска. Дури 42 отсто од неверните жени имале руса коса, а најсигурен избор се црнките – 11 отсто.
Програмери и учителки
Едно неодамнешно истражување покажало дека оние симпатични и помалку збунети момци од IT светот се најсклони кон неверство, а нивната женска верзија се дамите кои работат како учителки.
Љубители на рок музиката
Уште едно истражување на веб-страницата IllicitEncounters.com – прељубниците најчесто слушаат рок музика. Од друга страна, луѓето кои слушаат рап најретко изневеруваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.