Според зборовите на нутриционистката Росана Раст, постојат многу видови зеленчук кои содржат протеини, а кои треба да ги конзумираме често.
Спанаќ
Тој содржи калиум, калциум, магнезиум и железо. За да се сочуваат сите витамини, најдобро е да се готви на пареа или малку вода, или пак да се конзумира свеж во салатите.
Грашок
Богат со витамин А, калиум и природни влакна. Можете да го готвите на пареа и да го додадете во тестенините, оризот и салатите.
Компир
Компирите содржат протеини, витамин Ц, калиум и природни влакна.
Брокула
Освен што содржат есенцијални нутриенти, природни влакна и протеини, брокулите се добри за варењето и цревата. Сепак, внимавајте да не претерате бидејќи можат да ве подујат.
Пченка
Богата со протеини и многу природни влакна. Може да се додаде во скоро сите јадења.