Откако физички ја малтретирал Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ во полиција дал шокантни изјави.
Како што пишува српскиот портал „Ало“, Лука изјавил дека не ја нападнал Наташа.
-Тврдеше дека не ја нападнал, туку дека само ја турнал и дека се кае поради тоа. Изјавил дека Наташа скокнала на него и тој од самодобрана ја турнал, изјавил близок извор.
Додека пак извор за Блиц.рс истакнал дека Лука насилството го нарекол кавга.
„На надлежните им кажал дека Наташа прави драма и дека ништо не и направил, освен што ја фатил за рака и ја турнал. Лука во еден момент се насмеал и истакнал дека Беквалац ги исценирала навредите и повредите. Потенцирал дека таа се променила по породувањето и дека често е љубоморна. Изјавил дека му било жал што воопшто се скарал со неа, вели извор за Блиц.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.