Еве што прво забележува мажот кога жената ќе се соблече

Не, не е целулитот ниту стриите. Не станува збор за ниту една од работите, кои за повеќето дами се вистински кошмар. Во продолжение откријте за што всушност станува збор.
Дамите ќе се согласат дека се во состојба пред првиот интимен однос со новиот партнер да поминат подготвувајќи се со часови, што ја вклучува посетата на фризерскиот салон, потоа правење депилација, маникир, педикир, нанесување разни козметички производи, внимателно ја избираат долната облека итн.
Стремејќи се да бидат совршени, жените навистина вложуваат голем труд во нивниот надворешен изглед кога станува збор за импресионирање на партнерот. Но и покрај тоа, многу од нив не знаат дека мажите во тој случај забележуваат нешто сосема друго, за кои не се неопходни часови за подготовка, ниту пари.


„Говорот на телото е на прво место“- велат мажите вклучени во истражувањето, спроведено од организацијата Woman’s Health. За мажите е важно како нивната партнерка се однесува кога е гола, колку самодоверба има и дали е возбудена и радосна пред самиот интимен чин.
Мажите едноставно го сакаат женското тело, независно од неговата градба. Ти најмногу ја обожаваат жената која подарува и одговара на бакнежите, која ја има истата интимна енергија како партнерот, но и да знае да преземе иницијатива.
Исто така движењата кои жената ги прави се многу поважни за мажите, од претпоставените стрии и целулитот. Во истражувањето, речиси сите машки испитаници одговориле дека едноставно сакаат нивната партнерка да биде смирена и опуштена, да е возбудена и да е расположена за експериментирање со нови пози. И на крај, како заклучок, мажите исто така изјавиле дека и покрај тоа што жената ќе се соблече гола, тие обожаваат да гледаат во нејзините очи, кои ги сметаат за егзотични и вистински афродизијак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.