Покрај жители на Слупчане, без струја се и селата Оризари, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце, информираа денеска од ЕВН, укажувајќи дека жителите на Слупчане предизвикале дефект од поголеми размери.
– Липковското село Слупчане и околните Оризари, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце сè уште се соочуваат со прекин во снабдувањето поради сериозен дефект, велат од ЕВН Македонија.
Од компанијата потсетуваат дека пред неколку недели имаше сличен дефект кога жителите на ова село манипулираа со енергетски објект и оставија неколку села од липковско без електрична енергија.
Од ЕВН велат дека додека не се гарантира безбедноста на вработените на електродистрибуција нема да ги извршуваат работните задачи, вклучително и отстранување на дефекти.
Жителите на Слупчане имаат 13 барања кои компанијата ги достави до медиумите, во кои, тие бараат да им се простат досегашни долгови кои, како што наведуваат од компанијата изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања, кои додаваат од ЕВН, се спротивни на законските регулативи.
Според податоците на компанијата, загубите во Слупчане се 80 проценти а наплатата е 20 отсто.
Пронајдете не на следниве мрежи: