На Европа и се заканува нова енергетска криза поради одлуката на Киев да ја прекине испораката на руски гас, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој, исто така, рече дека Унгарија и Србија заеднички имаат намера да ги спасат своите земји од претстојниот недостиг на енергија.
– Украина ја прекина испораката на гас. Како резултат на тоа, Европа се движи кон уште една во низата енергетски кризи – напиша Орбан на социјалните мрежи .
Претходно, министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто , по посетата на Белград, изјави дека безбедното функционирање на „Турски поток“ е заеднички интерес и на Унгарија и на Србија.
– Ја потврдивме взаемната посветеност на ставот дека Унгарија и Србија не можат да бидат енергетски безбедни една без друга – рече Сијарто во видео пораката на социјалните мрежи по завршувањето на посетата на Белград.