Европски фронт ја обжали одлуката на ДИК за прегласување на неколку избирачки места, соопшти денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи,
Тој ја нарече одлуката на ДИК незаконска и смета дека е со цел контрола и манипулирање на гласачката волја.
– Целта на овие незаконски одлуки е да се ублажи поразот на опозициските политички партии во албанскиот блок, но и да се отцрни албанскиот гласач дека не може да се спроведат демократски избори, но и владата кога за првпат е со премиер Албанец, истакна Османи.
– Нема да дозволиме обиди за манипулација на изборната волја за нископартиски цели и етничка омраза! – рече тој.
Тој додаде дека ќе следуваат кривични пријави за членовите на ДИК кои, како што вели Османи, го нарушиле правото на слободен избор на граѓаните.