Европските берзи ослабнаа во очекување на показатели од САД

Европските берзански индекси ослабнаа во петокот во нервозно тргување додека инвеститорите чекаат дополнителни показатели до САД, кои во последно време беа компас за берзите.

Лондонски FTSE ослабна за 0,51 отсто на 6.496 поени, франкфуртски DAX за 0,17 отсто на 8.044 поени, додека париски CAC беше во минус 0,71 отсто и изнесуваа 3.844 поени. „Цените на акциите паднаа по само една силна недела“, вели Мет Баси од компанијата CMC Markets. Според него, цените на акциите се колебливи со оглед дека истекуваат тромесечните и месечните термински договори и опциите за купување, што значи дека некои инвеститори ги преиспитуваат уделите во одделни врсти акции во своите портфолија.Инвеститорите се подготвуваат и за евентуална поголема колебливост со оглед дека партиите во италијанскиот парламент, три недели по нерешениот исход, не можат да се договорат за состав на владата во третата по големина економија во еврозоната.Неодамнешните силни американски податоци, вклучително и извештајот за вработеноста, ги поттурнат европските берзи оваа недела на нови највисоки нивоа во последните години, поттикнувајќи ги очекувањата дека и денешниот извештај за производство ќе ги надмине очекувањата и ќе помогне за раст на акциите.„Американските податоци и натаму сигнализираат напредок, давајќи поддршка на берзите“, велат аналитичарите на Credit Agricole.Меѓу најголеми губитници на берзите беше нафтената компанија Royal Dutch Shell која загуби на вредноста 1,7 отсто.Францускиот конгломерат Vivendi ослабна за 3,7 отсто, а швајцарскиот производител на чоколади Lindt&Spruengli и модниот синџир Hennes & Mauritz ослабнаа за 2,1 отсто, односно 0,2 отсто по објавата на деловните резултати. Германскиот производител на автомобили Volkswagen загуби на вредноста 2,5 отстоКај добитниците се истакнаа француски Bouvgues Telecom. Чија цена на акцијата скокна за 4,4 отсто, International Airlines кој доби на вредноста 3,2 отсто и Aggreko со раст од 1,3 отсто. Производителот на чипови ARM Holding беше во плус 2,7 отсто.
Макфакс
Европските берзански индекси ослабнаа во петокот во нервозно тргување додека инвеститорите чек

Пронајдете не на следниве мрежи: