Според последниот извештај на агенцијата за рејтинг „Фич Рејтингс“, Бугарија може да го усвои еврото на почетокот на јануари 2023 година, пренесуваат медиумите во соседството.
Бугарија официјално го започна процесот на пристапување кон механизмот ЕРМ II во јули 2018 година и чека одлука дали може да се приклучи на таканаречениот механизам ЕРМ II. Хрватска го следи нејзиното барање и испрати писмо за пристапување до ЕРМ II на почетокот на јули.
„Фич“ смета дека најраното усвојување на еврото за Бугарија би можело да започне во јануари 2023 година, а за Хрватска во јануари 2024 година, под услов и двете држави успешно да ги исполнат критериумите на ЕРМ II, како и пошироките критериуми за конвергенција.