Еврото во средата беше главно стабилно во однос на американскиот долар на меѓународните пазари, но беше во добивка во однос на јапонскиот јен кој и натаму е под притисок на продажбата поради неодамна објавените радикални мерки на тамошната централна банка.Еврото накусо скокна на 1,3122 долари, што претставува негово највисоко ниво од 8-ми март во однос на американската валута. Потоа со него се тргуваше по 1,30985 долари, што значи дека бил во добивка од 0,1 отсто во однос на затворањето на тргувањето во вторникот.Единствената европска валута во средата достигна накусо и 130,50 јени, што е нејзиното највисоко ниво од јануари 2010 година, за подоцна во текот на денот со неа да се тргува по 130,36 јени, односно со добивка од 0,6 отсто во однос на вторникот.Со доларот, пак, се тргуваше по 99,63 јени, што значки дека зајакнал за 0,6 отсто во споредна со вторникот, Кусо време се искачи и на 99,72 јени, што е неговото највисоко ниво од мај 2009 година.Еврото, според оцените на аналитичарите, е на патот на натамошни добивки, доколку јапонските инвеститори во потрага по повисоки приноси се одлучат за валутата на еврозоната.„Се раширија шпекулации дека инвеститорите се ослободуваат од јапонската валута и тргнуваат во потрага по повисоки приноси (за имоти во еврозоната) и веројатно од тоа еврото во средата ја црпеше поддршката“, смета Василеос Ѓонакис, челник на одделот за валутни анализи во лондонската филијала на банката „UniCredit“.Некои аналитичари, сепак, се скептични имајќи предвид дека јапонските инвеститори традиционално се сметаат за претпазливи и напомнуваат дека тој тренд веројатно го поттикнуваат шпекулантите кои купуваат сопствености на еврозоната во очекување на доаѓањето на јапонските инвеститори,Доларот скокна за околу 7 отсто во однос на јенот минатиот четврток кога јапонската централна банка Bank of Japan (BoJ) соопшти дека ќе инјектира во економијата околу 1.400 милијарди долари и ќе ја удвои јапонската монетарна база за две години за да ја придуши дефлацијата.Во средата американскиот долар го забележа новото највисоко ниво во последните четири години во однос на јапонскиот јен, по објавувањето на забелешките од последното заседавање на американската централна банка Federal Reserve (Fed). Неколку челници очекуваат стивнување на купувањето на сопствености до средината на годината и нивно завршување во втората половина, додека друг предвидуваат забавување на купувањата малку подоцна во 2013 година и завршување до крајот на годинава, според белешките од заседанието одржано во март.Доларот, според процените на аналитичарите, тешко набргу ќе може да ја пробие границата од 100 јени, имајќи го предвид неговиот остар раст последните денови.„Сметам дека в кус рок, на доларот може да му биде отежнато дополнително да зајакне во однос на јенот, имајќи предвид дека темпото на неговото јакнење во последно време беше премногу брзо и агресивно. На среден рок, меѓутоа, остануваме скептични во врска со јенот, најмногу поради големите парични инјекции на BoJ“, вели за Reuters Ѓонакис.
Макфакс Еврото во средата беше главно стабилно во однос на американскиот долар на меѓународните пазари, но беше во добив