Еден гигантски чекор за Motorola

Пред четириесет и девет години, уредите на Motorola ги пренесоа првите чекори на Нил Армстронг на Месечината на милиони луѓе во светот

 20 јули 2018 година, Скопје – Денес се навршуваат 49 години од првото слетување на Месечината. Во раните зори на 16 јули 1969 година астронаутите Нил Армстронг, Мајкл Колинс и Едвин Баз Олдрин полетаа од планетата Земја заедно со вселенскиот брод Apollo 11, за да ја напишат првата страница од златната историја. Својата важна улога во тој значаен момент ја зазема радиопредавателот на Motorola – S-Band Transponder, со кој е опремен управувачкиот модул на Apollo 11. Тој бил единствениот комуникациски сигнал кој го поврзувал вселенскиот брод со Земјата и ги емитувал сите звуци, биомедицински податоци, телеметрии и телевизиски сигнали. Имено, благодарение на радиопредавателот засекогаш ќе останат забележани зборовите на Нил Армстронг: “Еден мал чекор за човекот – еден голем скок за човештвото…”

 

Овој важен настан е резултат на години иновативни разработки во центрите на Motorola, посветени на вселенската програма на САД. Почнувајќи со сателитот Explorer I во 1958 година, Motorola обезбедува технологија за Националната администрација за аеронаутика и вселена (NASA), за да ја потпомогне комуникацијата и пренесувањето на податоци и да ја подобри безбедноста. Во 1969 година, Apollo 11 беше прва планирана мисија за слетување на Месечината, а вработените на Motorola соработуваа со НАСА за да осигурат дека програмата ќе биде успешна.

Вградениот радиоприемник на Motorola испраќа радио сигнали до земјени станици лоцирани во Шпанија, Австралија и Калифорнија, каде демодулаторите на Motorola FM-Band конвертираат радио и ТВ сигнали испратени од Месечината.

Покрај тоа, Motorola обезбедува илјадници полупроводнички уреди, земјена опрема за следење и проверка и 12 вградени уреди за следење и комуникација. Во управувачкиот модул на Apollo има врска за ажурирање податоци која прима сигнали од Земјата за реемитување на други вградени системи. Така, вградениот транспондер на Apollo 11 емитува телеметрии, следење, гласови и ТВ сигнали помеѓу Земјата и Месечината и тие достигнуваат до повеќе од 500 милиони луѓе, со што стапнувањето на Месечината станува еден од најгледаните настани во живо на сите времиња.

НАСА потоа користи опрема на Motorola на многу вселенски летови со децении.

*Во 2009 година, во знак на одбележувањето на 40-годишнината од слетувањето на Месечината, Motorola ја пушти на пазарот ексклузивната верзија на моделот Motorola Aura, наречена Celestial Edition. Во неа беа вклучени фотографии, аудиоснимки и видео снимки кои го одбележуваа слетувањето на Месечината. Цената на уредот беше речиси 2.000 долари, а првиот уред беше специјален подарок за Нил Армстронг. Останува само да погодуваме какво изненадување ќе ни приреди Motorola за одбележувањето на  50-годишнината од настанот.

Пронајдете не на следниве мрежи: