Дваесет и седумгодишниот Б.К. од Прилеп, загинал ноќеска, на регионалниот пат Прилеп – село Ропотово, откако возилото „пежо 307“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, излетало од коловозот и се превртело, а повредени се уште две лица сопатници во автомобилот.
Како што соопшти МВР, во сообраќајката која се случила 35 минути по полноќ, Б.К. починал на местото на несреќата, а со телесни повреди се здобиле сопатниците Ф.Б.(27) и О.Д.(18) и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.