Еден загинат и еден тешко повреден е билансот од тешката сообраќајка на патот Неготино – Демир Капија

Едно лица загина, а друго е тешко повредено во сообраќајката што се случи попладнево на патот Неготино – Демир Капија, потврди за МИА директорката на Здравствениот дом во Кавадарци, Билјана Филипова.
Според Филипова, тешко повреденото лице, од кавадаречката болница е пренесено на скопските клиники.
Како што претходно информира МВР, се судриле џип „хјундаи” и „голф”. Увидот е во тек, а сообраќајот е пренасочен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.