Високиот руски генерал Игор Кирилов загина во експлозија во Москва.Би-Би-Си ги пренесува наводите на рускиот истражен комитет дека генерал-полковник Кирилов, началник на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана, рано утринава заминувал од станбена зона кога била активирана експлозивна направа сокриена во скутер.Се наведува дека во експлозијата загинал и помошникот на Кирилов.Британскиот медиумски сервис потсетува дека во октомври Обединетото Кралство воведе санкции против Кирилов со образложение дека тој ја надгледувал употребата на хемиско оружје во Украина и дека е „важен за ширење дезинформации од Кремљ“.Киев Индипендент објави дека Службата за безбедност на Украина вчера го осуди Кирилов во отсуство за употреба на забрането хемиско оружје во Украина.Во соопштението на СБУ се вели дека Кирилов е одговорен за „масовна употреба на забрането хемиско оружје“ против украинската армија.– Според наредбата на Кирилов, од почетокот на војната во целосен обем, се забележани повеќе од 4.800 случаи во кои непријателот употребил хемиска муниција – наведе СБУ.Се потсетува дека руските функционери кои играат клучна улога во целосната инвазија што ја започна Русија, веќе биле мета на Украина и претходно.
The Bomb which killed Kirillov, is believed to have been mounted inside of a Scooter which was sitting on the Street outside of the Building. pic.twitter.com/8HxtbRrWbw— OSINTdefender (@sentdefender) December 17, 2024
Извор од украинската армија изјавил за Киев Индипендент дека Михаил Шацки, руски експерт кој бил вклучен во модернизацијата на ракетите од типот лансиран кон Украина, бил застрелан на 12 декември во близина на Москва.
Images on Russian Telegram channels of the aftermath of the explosion that reportedly killed Lt. Gen. Igor Kirillov, senior commander in charge of chemical, biological and radiation defense forces: pic.twitter.com/25YYIR0ObJ— Murtaza Hussain (@MazMHussain) December 17, 2024
Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина на 28 септември објави дека во градот Коломна во Московската област е убиен полковникот Алексеј Коломеицев, кој ги обучувал специјалните сили за употреба на нападни беспилотни летала.