ЕДЕН ЗА ДВЕСТА! Кумот на Путин ослободен од заробеништво: Разменет за украински затвореници

Прорускиот политичар, адвокат и бизнисмен Виктор Медведчук денеска беше ослободен од заробеништво во замена за 200 украински затвореници.

Успешниот проруски бизнисмен, адвокат и политичар Виктро Медведчук, за кој инаку се тврди дека е во пријателски односи со рускиот претседател Владимир Путин, денеска беше ослободен во замена за 200 украински затвореници.

Да потсетиме, тој беше уапсен во април годинава без можност да плати кауција поради наводи за сојуз со претседателот на Русија, кого го нарекува „свој близок пријател“.

Вршителот на должноста шеф на украинските безбедносни служби, Васил Малиук, во врска со тоа изјави дека Медведчук „не е само кум на детето на Путин, туку е документиран и како предавник“. Малиук исто така додаде – Покрај тоа, додека работевме на случајот Медведчук, неутрализиравме повеќе агенциски мрежи, уапсивме повеќе предавници и добивме многу корисни информации кои ги користиме за контраразузнавачки операции и кои ќе не доближат до нашата победа-.

Во размената на затвореници учествувале и 5 украински команданти, како и 55 проруски затвореници за кои се вели дека „се бореле против Украина“.

Интересно е и тоа што меѓу затворениците е и хрватскиот државјанин Вјекослав Пребег, кој утре ќе биде во неговата земја. Владата на Република Хрватска додаде дека на ослободување на својот државјанин работела од април, односно од денот кога бил фатен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.