Единаесет лица повредени во сообраќајки во Скопје

Возач на мопед и еден сопатник на мопед се здобиле со тешки телесни повреди, а девет лица со лесни телесни повреди во шест од вкупно десет сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила 49 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 13 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи почетници, едно возило технички неисправно и 13 возила нерегистрирани.
За непрописно паркирање се издадени 63 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 55 возила.
Евидентирани се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, осум возачи за неправилно престројување, пет возачи за неправилно престигнување, двајца возачи за не користење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, 20 возачи за неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи за користење на мобилен телефон за време на управување моторно возило.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.