Единствена Македонија до Мицковски: Еве ви кандидат за претседател со кој сплотени ќе го победиме злото наречено Зоран Заев

Фотографија

Единствена Македонија како дел од „МАКЕДОНИЈА БЛОКИРА“ ја поздравува и целосно ја подржува кандидатурата на д-р Филип Петровски за Претседател на Р. Македонија што ќе се избере како кандидат на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ што треба да се одржи на 16 февруари во Струга.
Единствена Македонија застанува зад кандидатурата на Петровски водејќи се единствено од македонските национални и државни интереси да се порази злото во Македонија кое има свое име. Злото се вика марионетска власт Зоран Заев купена и контролирана од странски центар.
Филип Петровски е кандидатот кој во моментот може да го победи кандидатот на марионетската власт на Заев бидејќи ужива народна подршка на широка основа, односно, не само од членството на ВМРО-ДПМНЕ туку и од големата коалиција „МАКЕДОНИЈА БЛОКИРА“ во која членуваат 84 организации – партии и здруженија од земјата и дијаспората. Практично, д-р Филип Петровски е кандидат на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните.
Во овие тешки моменти за Татковината кога пучистичката власт на Заев бесмилосно руши се што е македонско, го повикуваме раководството на ВМРО-ДПМНЕ да биде на страната на патриотските сили во Македонија, македонскиот народ, поголем дел од граѓаните, Македонците во странство.
Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 1 февруари 2019

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.